Неколку повредени пратеници, еден префрлен во болница – ова е биланскот од големата тепачка  што изби во парламентот на Хонг Конг поради планираните законски измени според кои на осомничените ќе им се суди во матична Кина.

Тензиите ескалираа веднаш на почетокот на заседавањето, а политичарите почнаа да пцујат и да скокаат на масите обидувајќи се да го дофатат микрофонот. Критичарите сметаат дека измените на законот за екстрадиција претставуваат удар на слободата на Хонк Гонг.

Но, властите тврдат дека измените се неопходни за да се испорача осомничен за убиство во тајван.

Во рамки на политиката „една земја, два система“, Хонг Конг има одвоен правен систем од матичната Кина.

Пекинг во 1997 година ја врати контролата над Хонг Конг, некогашна британска колонија, со услов дека на оваа територија ќе ѝ се даде поголема автономија, освен по прашањата за надворешна политика и одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.