Најмалку едно лице загина, а десетмина се повредени при уривање на дел од зграда со 136 станови во Мајами Бич во американската држава Флорида.

Во тек е голема акција за спасување.

Зградата се урнала во текот на ноќта, а на местото на несреќата биле испратени 80 противпожарни возила.

Не е познато колку луѓе имало во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека е потврдена смртта на едно лице, а од урнатините досега се спасени 35 лица.

Сали Хејман, претставничка на округот Мајами-Дејд, изјави дека во моментов не е познато каде се 51 лице за кои се верува дека живееле во делот на облакодерот што се урна. Таа за Си-ен-ен посочи дека овие луѓе или не се јавиле лично или никој не јавил за да ги пријави за исчезнати. Во тек е голема операција за спасување, која може да трае со денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.