Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Вершињин, истакна дека идејата на некои земји за исфрлање на Русија од Советот за безбедност на Обединетите нации е невозможна.

Иницијативата да се одземе членството на Русија во Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН е нереална. Таквите лошо обмислени идеи најмногу ги застапува Украина – истакна Вершињин.

Ваквата идеја тој ја оцени како „непромислена и опасна“.

На почетокот на годината, постојаниот претставник на Украина во ОН, Сергеј Кислица, побара Русија да биде исфрлена од Советот за безбедност на ОН, додека претседателот Володимир Зеленски, во обраќањето пред Генералното собрание на ОН минатиот месец, праша зошто Русија сè уште има правото на вето во Советот за безбедност. Тој оцени дека Русија со воената операција во Украина ја прекршила Повелбата на ОН, а нејзиното присуство во Советот за безбедност ја изгубило правната основа.

Вашингтон и Брисел ја поддржуваат таквата иницијатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.