Франција ќе ја добие битката против коронавирусот, но за тоа е потребно време, изјави министерот за здравство Оливие Веран.

Тој предупреди дека менталното здравје на Французите се влошува за време на второто затворање на земјата, поради вознемиреност и неизвесност предизвикана од пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

Вирусот циркулира помалку отколку пред затворањето. Не смееме да ги изневериме нашите напори. Затворањето не е поминато, рече Веран на прес-конференција.

Трет ден по ред се намалува бројот на хоспитализирани пациенти, од кои во моментов има околу 32.000. Досега починале 47.127 лица како резултат на вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.