Венецуелскиот претседател Николас Мадуро му предложи на Народното Собрание да се додаде уште една ѕвезда на знамето на оваа земја.

Со тоа на централниот дел од тробојката (жолта, сина, црвена) би била додадена и деветта ѕвезда како признавање на државата Зулиа, во северозападниот дел од земјата, за 200-годишнината од ослободувањето од Шпанија.

Оваа држава е економски многу важна за Венецуела, пред се поради нафтата, но исто така е еден од поважните земјоделски региони во земјата.

Додадената ѕвезда би ја претставувала „силата на бунтовниот дух“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.