Американскиот државен секретар Антони Блинкен не е надлежен да го критикува кинескиот претседател Си Џинпинг за неговата посета на Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

Запрашан да ја коментира изјавата на Блинкен дека Кина и обезбедила „дипломатско покривање“ на Русија, Ванг рече дека Кина не ја предизвикала украинската криза и не е страна во конфликтот.

Никогаш не сме испорачале оружје на ниту една страна во конфликтот.САД немаат овластување да ја критикуваат Кина, а камоли да ја обвинуваат за ситуацијата во Украина, рече Венбин.

Кинескиот дипломат потсети дека Пекинг се противи на какви било дејствија што би можеле да доведат до ескалација на украинскиот конфликт и нагласи дека САД продолжуваат да го снабдуваат Киев со оружје.

САД треба објективно да гледаат на напорите на Кина и меѓународната заедница за постигнување мирен дијалог“, нагласи Венбин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.