Велс е една од земјите во Европа каде што бројот на новозаразени со Ковид-19 рапидно расте, поради што земјата одлучи да ги замол туристите да се вратат дома.

Велс од петок, 23 октомври, цели 17 дена ќе биде во посебен карантин. Во прашање е тотална блокада, затворање на угостителски објекти и малопродажните синџири.

Сите хотели и останати сместувачки капацитети исто така ќе бидат присилени да затворат во 18 часот во петок, а странските туристи ќе бидат замолени да се вратат дома.

Ниедно неважно патување, меѓу кои и празниците, нема да биде дозволено до 9 ноември.

Велшката влада најави дека мерката ќе значи дека ќе се затворат повеќето претпријатија, а на луѓето ќе им се каже да останат дома и да работат од дома ако е можно.

Првиот министер на Велс Марк Дрејкфорд рече дека воведувањето на карантинот ќе биде „краток, остар шок“, за сите, но нешто мора да се направи.

Мораме во тотална блокада. Сите во Велс ќе мора да останат дома. Знам дека ова тешко ќе им падне на некои луѓе, но ова е единствен начин да го спречиме порастот на новозаразени – изјави Дрејкфорд.

Тој најави и фонд за економска отпорност од 300 милиони фунти кои ќе им помогнат на претпријатијата и на угостителството да го преживеат овој локдаун. Малите и средни претпсијатија за малопродажба, забава и угостителство кои ќе бидат принудени да ги затворат вратите ќе добијат еднократна помош до 5.000 фунти.

Некои места на западот на Велс имаат енда од најниските стапки на заболувања ос корона вирусот во цела Велика Британија. Таа стапка изнесува 43,7 на 100.000 луѓе. Но, поголемите градови како Кардиф имаат различна слика. Стапката е неколкукратно повисока и изнесува 283,7 случаи на 100.000.

Во прашање е највисоката стапка во Велс и една од најбрзорастечките стапки во Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.