Од понеделник, Велика Британија ќе бара од сите што влегуваат во земјата негативен тест за коронавирусот со цел да се спречи појавата на нови видови на вирусот, изјави премиерот Борис Џонсон.

Борис Џонсон изјави дека новите мерки ќе бидат на сила најмалку до 15 февруари, пренесува Би-Би-Си. Тој на прес-конференција во Лондон рече дека новите мерки се „од витално значење“ за заштита на населението. „Токму затоа што имаме надеж за вакцина и ризик од појава на нови видови вируси од странство, мора да преземеме дополнителни чекори за да ги спречиме да влезат во земјата“, рече британскиот премиер.

Британската влада претходно забрани влез во земјата од Јужна Америка и Португалија за да се осигура дека новиот вид коронавирус пронајден во Бразил не ја наруши програмата за вакцинација на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.