Велика Британија планира да воведе задолжителен карантин за патниците кои доаѓаат од Белгија, поради порастот на бројот на луѓе заразени со корона вирусот во таа држава.

Како што објавува „Дејли меил“, се очекува министрите да го одобрат 14-дневниот карантин за патниците од Белгија на состанок што се треба да се одржи во скоро време.

Министерот за транспорт одби да ги коментира тие наводи на весникот.

Со официјализирањето на таа одлука, Белгија ќе стане третата земја од Еу за која Британија воведува 14-дневен карантоин, по Шпанија и Луксембург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.