Во Велика Британија од 8 јуни ќе биде задолжителен 14-дневен карантин за секој што доаѓа од странство, вклучително и британски државјани, рече британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, а со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Сега, откако го поминавме врвот на заразата мора да преземеме чекори за да се заштитиме од увезени случаи што би предизвикало повторно ширење на оваа смртоносна болест – рече Пател на прес-конференција.

Непочитувањето на оваа мерка ќе се казни со казна до 1.000 фунти.

Карантинот нема да биде задолжителен за оние што доаѓаат од Република Ирска, возачите на камиони, медицинскиот персонал и сезонските земјоделски работници, а мерката ќе се преиспитува на секои три недели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.