Министерот за здравство, Мет Хенкок, истакна дека функционира планот за забавување на ширењето на вирусот, но дека сè уште треба одредено време за да се видат вистинските резултати. Покрај тоа, тој најави дека в четворток почнува првото тестирање на луѓе на можната вакцина против коронавирусот.

Даваме сè од себе за да создадеме вакцина. Велика Британија инвестира повеќе пари од која било друга земја за да пронајде вакцина, забележува Хенкок.

Владата ќе инвестира 20 милиони фунти за клинички испитувања на „Оксфорд“, а тестирањето ќе почне на Универзитетот „Империјал колеџ“ во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.