Велика Британија во изминатите 24 часа регистрира рекорден број на смртни случаи од коронавирус од мај досега, пишува лондонскиот весник „Гардијан“.

Потврдени се 691 смртен случај во изминатото деноноќие, што е највисоко ниво од почетокот на мај. Пред еден ден беа регистрирани 415 починати.

Во истиот период се потврдени 36.804 заразени лица, во споредба со вчерашните 33.517.

Од почетокот на епидемијата во земјата има вкупно 2.110.314 случаи на коронавирус и 68.307 смртни случаи како последица на Ковид-19.

Британските власти ги вратија ограничувањата поради појава на нов вид на коронавирус, за кој се претпоставува дека е 70 отсто позаразен. Тоа принуди десетици земји да ги затворат своите граници за луѓето кои пристигнуваат од Британија.

Европската комисија денеска им препорача на земјите-членки да ги отворат своите граници и да се обнови сообраќајот од суштинско значење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.