Портпаролот на премиерот Борис Џонсон, изјави дека официјален Лондон досега не видел знаци дека Русија ќе ја деескалира кризата во Украина, а единственото нешто што гледа е „сериозна можност“ Москва да ја нападне Украина оваа недела.

Досега не видовме знаци дека Русија ќе ја повлече својата војска од украинската граница. На границата има повеќе од 130.000 руски војници и ние сме сериозно загрижени – изјави портпаролот.

Претходно, Џонсон нагласи дека наскоро ќе разговара со американскиот претседател Џозеф Бајден за да помогне во дипломатскиот процес.

Мислам дека е многу важно да разговараме. Но, она што не можеме да го направиме е да отстапиме од суверените права на украинскиот народ кој се стреми кон членство во НАТО. Не можете да се пазарите со тоа – изјави Џонсон.

Тој исто така предупреди дека сите мора да сфатат дека ситуацијата е многу опасна и тешка.

Ние сме на работ на бездна, но се уште има време рускиот претседател Владимир Путин да се повлече, а она на што повикуваме е сите да се вклучиме во дијалог – изјави британскиот премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.