Во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана се наведува дека руската инвазија продолжува да има разорно влијание врз украинскиот земјоделски сектор и оти извозот на жито од Украина ќе се намали за две третини.

Според извештајот војната влијаела и на синџирите за снабдување со семиња и ѓубриво.

Руската блокада на Одеса го спречува извозот на храна и малку е веројатно дека украинскиот извоз на жито во 2022 година ќе биде поголем од 35 отсто во споредба со мината година, се посочува во извештајот на британското Министерство за одбрана.

Исто така се наведува дека по освојувањето на Лисичанск, најверојатно фокусот на Русија ќе се биде насочен кон Доњецк.

Борбата за Донбас е жестока и исцрпувачка и малку е веројатно дека тоа ќе се промени во следните недели, соопшти британското Министерство за одбрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.