Повеќе од 158.000 лица се приклучија на списокот на волонтери, за да му помогнат на британскиот здравствен систем да се бори со коронавирусот.

Претходно, Владата на Велика Британија повика четвртина од милионските волонтери да се приклучат во борбата со епидемијата. Тие ќе им помагаат на Националната здравствена служба и на ранливите луѓе, погодени од кризата со коронавирусот.

Засега нема коментар од британското Министерство за здравство и Националната здравствена служба.

Во Велика Британија се регистрирани рекорден број на смртни случаи, 87, со што вкупниот број на починати лица е 422.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.