Слободното движење на државјаните на ЕУ во Велика Британија ќе заврши веднаш штом Британија ќе го напушти европскиот блок без договор, според новите планови на Министерството за внатрешни работи и покрај предупредувањата за хаосот и на луѓето заробени во правен вакуум.

Прити Пател, новата министерка за внатрешни работи, се залага за ограничувањата на границата да бидат воведени веднаш на 31 октомври, иако сè уште не е подготвен систем за замена, дознава „Индепендент“.

Претходно, министрите сакале да го одложат укинувањето на слободното движење сè додека не се воспостават нови правила, но нацрт-законот заглавил во Долниот дом на Британскиот парламент каде настанале жестоки расправии околу тоа какви треба да бидат тие правила.

Саџид Џавид, претходникот на министерката Пател, ја отфрла идејата за забрана за слободно движење уште од првиот ден од напуштањето на Унијата и вели дека не е практична за работодавците и другите и дека треба да има некаков разумен период на транзиција.

Новиот план може да се смета како дел од напорите да се принуди ЕУ да ги отвори преговорите за „Брегзит“, сигнализирајќи на бескомпромисен став што исто така ќе предизвика жестоки реакции преку Англискиот Канал, пишува „Индепендент“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.