Со цел да се намали ширењето на корона вирусот во Велика Британија, сите патници кои пристигнуваат од странство, од 15 јануари ќе мораат задолжително да приложат негативен тест на Ковид-19 не постар од три дена.

Во објаснувањето на британската Влада за спроведување на оваа мерка, им се наложува на транспортните оператори да проверат дали патниците имаат потврда за негативен тест на корона вирус пред влез во авион, воз или ферибот, како и по пристигнувањето на крајната дестинација.

Во случај на неспроведување на овие мерки, патниците и операторите ќе бидат казнети најмалку со по 500 фунти (677,40 евра).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.