Периодот на самоизолација за луѓето кои се позитивни на КОВИД-19 ќе биде скратен на само пет дена во Велика Британија. Миинистерот за здравство на земјата, Саџид Џавид, изјави дека заболените после пет дена и после негативен тест на шестиот ден може да бидат надвор од изолација.

Ваквата одлука е донесена со цел да се намали притисокот врз луѓето во некои сектори од стопанството затоа што има огромен број луѓе кои без причина се изолираат, пренесува BBC.

Инаку, уште во декември минатата година периодот на самоизолација беше скратен од 10 на седум дена со негативни тестови на шестиот и седмиот ден. Министерот додадек и дека податоците од британската Агенција за здравствена безбедност покажуваат дека 2/3 од луѓето повеќе не се заразни после петтиот ден од детекцијата на вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.