Велика Британија ќе ја напушти Европската унија на 31 октомври, без оглед на се, изјави денеска портпарол на британскиот премиер Борис Џонсон.

Портпаролот исто така рече дека Велика Британија ќе продолжи да работи со колегите во Европската унија за договор за напуштање и дека владата се надева оти блокот ќе го промени својот став за таканаречената ирски „бекстоп“.

Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври без оглед на последиците. Треба да ја вратиме довербата во нашата демократија и да ги исполниме ветувањата дадени пред граѓаните. Политичарите не можат да изберат чии гласови треба да се исполнат. Тие ветија дека ќе ги почитуваат резултатите од референдумот и ние треба да го сториме тоа, рече портпаролот.

Од друга страна, портпаролот на Европската комисија, Мина Андреева, рече дека ЕК е отворена за разговори со британскиот премиер со цел да се избегне тежок брегзит што може да предизвика голем економски пад.

Сепак, според неа, веќе е постигнат договор меѓу Британија и ЕУ за Брегзит.

Но, ние сме отворени да зборуваме за политичката декларација, рече Андреева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.