Секретарот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Рааб, ги повика сојузниците на НАТО да застанат рамо до рамо со вредностите на толеранцијата и слобода на говорот, во прикриениот укор кон членката на НАТО, Турција, која повикува на бојкот на француската стока.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците да престанат да купуваат француси производи и ја обвини Франција дека спроведува антиисламска агенда.

Тој е еден од неколкуте водачи во муслиманскиот свет лут на Франција во врска со нејзиниот одговор на убиството на учителот Самуел Пети, кој им покажа на учениците карикатури на пророкот Мухамед, како дел од лекција за слобода на говорот.

Велика Британија се солидаризира со Франција и францускиот народ во пресрет на ужасното убиство на Самуел Пети, рече Рааб во изјавата. Тероризмот никогаш не може и не смее да се оправда, додава тој.

„Сојузниците на НАТО и пошироката меѓународна заедница мора да застанат рамо до рамо на основните вредности на толеранција и слобода на говор, и никогаш не треба да им даваме дар на терористите да нè делат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.