Училиштата во Велика Британија повторно ќе бидат отворени на 8 март како дел од „претпазливиот план“ за укинување на епидемиолошките ограничувања.

Премиерот Борис Џонсон денеска пред министрите и пратениците треба да го претстави конечниот план за укинување на ограничувањата. Се очекува тие да бидат укинати во фази.

Во првата фаза училиштата треба да се отворат на 8 март, за кога е планиран и почеток на спортски активности на отворено.

Потоа, ќе се дозволи рекреација во парковите, за најмногу две лица. Исто така, ќе им биде дозволено да седнат на пијалок или пикник.

Планот е до шест лица или две домаќинства да можат да почнат средби на отворено од 29 март.

Од крајот на март, исто така, се планира на Британците да им биде дозволено повторно да одат надвор од областа во која живеат, но со забрана за ноќевање, но сепак ќе се препорача престој во локалната средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.