Повеќе од 20 милиони луѓе во Велика Британија примиле барем една доза вакцина против коронавирусот, соопшти денеска министерот за здравство на таа земја, Мет Ханкок.

Тоа е величествено достигнување за нашата земја. Вакцината е нашиот излез. Кога ќе добиете покана, вакцинирајте се, напиша Хенкок на Твитер.

Велика Британија започна најбрза програма за вакцинирање во Европа и е прва на континентот според бројот на вакцинирани на милион и на 100 жители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.