Русија почна со производство на вакцина против Kовид-19 и веќе има добиено нарачки за повеќе од милиларда дози.

Повикувајќи се на Министерството за здравство, руските медиуми објавуваат дека вакцината што ја разви московскиот институт „Гамалеја“ треба да биде на пазарот на крајот на месецот.

Шефот на рускиот Инвестициски фонд, Кирил Дмитриев, потенцира дека 20 држави веќе порачале повеќе од милијарда дози.

Вакцината се планира да се аплицира во две фази: првично со компонента 1 и три недели подоцна со компонента 2.

Според здравствениот оддел, таа шема ќе обезбеди долгорочен имунитет до две години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.