Северозападна Европа оваа недела се подготвува за продолжението на летните горештини какви што владееја и кон крајот на месец јуни.

Од Франција преку земјите на Бенелукс до Германија, метеоролошките служби веќе предупредија. Температурата во среда или во четврток повторно ќе достигне 40 степени целзиусови, а кон крајот на неделата ќе опадне. Британските метеоролози најавуваат дека ноќва, понеделник кон вторник ќе биде најтопла во историјата.

Во Франција топлотниот бран би можел да потрае пократко од тој во јуни, каде што на 28-ми јуни беше срушен апсолутниот температурен рекорт во Верарг, на југ, каде што беа измерени температури од 46 целзиусов степен.

Во четврток во Париз се предвидени 41 па дури и 42 степени целзиусови со голема веројатност дека ќе биде срушен рекордот од досега измерените 40.4 степени целзиусови во далечната 1947-ма година.

Француската престолнина прогласи четврт степен на одбрана од топлотниот бран кој предвидува отворање “сала за освежување“ во јавните објекти и поставување привремени јавни чешми и прскалки како и низа мерки наменети за повозрасните луѓе кои се најголемите жртви на летните топли бранови и кои само во Франција однесоа 15.200 животи.

Четириесет степени целзиусови се очекуваат и во северна Италија, особено во Фиренца и Ферари. Југ и централна Европа овојпат ќе бидат поштедени од пеколните жештини. Во четврток жештините ќе се преселат во Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург).

Австрија објавила портокалова фаза и предупредување за во четврток и петок, но само во западниот дел од земјата.

Во Португалија ветровите и сушата ја отежнуваат борбата со пожарите која од саботата вечер ги зафатија планинските подрачја во средиштето на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.