Претседателот на Чад, Идрис Деби (68) почина од повреди здобиени додека ги обиколуваше војниците на фронтот во борбата против бунтовниците на северот на земјата, соопшти армијата.

Деби настрада само еден ден откако беше прогласен за победник на неодамнешните избори на кои го освои шестиот претседателски мандат.

Неговиот кабинет вчера објави дека се упатува кон фронтот за да се приклучи на армијата во борбата против терористите.

Деби дојде на власт во 1990 година во бунт и беше еден од лидерите со најдолг претседателски стаж во Африка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.