Досегашниот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, денеска положи заклетва како нов канцелар на Австрија пред претседателот Александер Ван дер Белен.

Нехамер ќе биде петти австриски канцелар од 2016 година наваму. Тој го наследува Александар Шаленберг, кој беше на функцијата нешто помалку од два месеци.

Одлуката за номинација на Нехамер како канцелар го донесе врвот на Австриската народна партија (ОВП), чиј поранешен лидер Курц соочен со обвиненијата за корупција, најпрво во октомври се повлече од местото канцелар, а потоа и од политиката.

Четириесет и деветгодишниот Нехамер, кој во младоста бил професионален војник, важи за политичар со поцврсти ставови од Курц. Тој долги години го носел чинот поручник и е искусен партиски функционер. Меѓу другото, важи за антиисламист, кој се залага за цврст став против илегалната миграција и радикалните исламистички струи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.