Шефот на надворешнополитичкото одделение на Католичката црква, Пол Ричард Галахер изјави дека Ватикан се понудил да организира преговори помеѓу Украина и Русија.

Галахер посочи дека Ватикан и папата уште од почетокот на судирот е отворен за преговори, но оти „сè уште не добил конкретен одговор”.

Тој додаде дека понудата да организира преговори помеѓу Киев и Москва останува отворена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.