Градоначалничката на Вашингтон, демократката Мјуриел Баузер, најави дека носењето маска во затворен простор од денеска повторно ќе стане задолжително во главниот град на САД. Мерката ќе остане во сила до крајот на јануари, кога ќе биде повторно разгледана.

Баузер ги отфрли критиките дека избрзува и ги повика жителите на Вашингтон да се вакцинираат и да ги ограничат своите физички контакти за време на празниците. Таа најави и дека ќе прогласи вонредна состојба во градот.

Бројот на случаи на корона вирус во Вашингтон повторно е во пораст, при се почести се новозаразени со новата варијанта Омикрон.

Епидемиолошката ситуација во САД се влошува со појавата на новиот сој, а Омикрон е веќе доминантна варијанта на корона вирусот во земјата, со 73,2 отсто од новите случаи во претходната недела.

Во САД веќе е пријавен и првиот смртен случај по инфекцијата со новата варијанта на корона вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.