Главниот град на САД, Вашингтон, едно од местата со најстроги антиковид мерки во САД, од следната недела ќе го укине задолжителното носење маска внатре, најави градоначалникот.

Од понеделник, 22 ноември, Вашингтон ја укинува обврската за носење маска внатре, рече градоначалникот на Вашингтон, Муриел Боузер на денешната прес-конференција.

Приватните компании може да продолжат да бараат маската да се носи и таа останува задолжителна во јавниот превоз, во училиштата внатре, во библиотеките, домовите за стари лица, како и во некои јавни згради.

На крајот на јули, главниот град на САД воведе задолжително носење маска за вакцинирани и невакцинирани лица поради зголемениот број на инфекции поврзани со видот делта коронавирус.

Со таа мерка Вашингтон беше еден од градовите со најстроги мерки поврзани со коронавирусот во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.