Еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји денеска потврди дека наредниот месец, Босна и Херцеговина може да добие кандидатски статус за членство во блокот од 27 земји, како што претходно добија Украина, Молдавија и Грузија.

Доколку има една позитивна последица на војната на Русија против Украина, тоа е, дека проширувањето на ЕУ е долгорочно решение за воспоставување мир, безбедност и просперитет. Во таа смисла, проширувањето сега е „топ“ приоритет, не само на нашите соседи, туку и на нас, изјави Вархеји.

Тој ја даде изјавата на прес-конференција во Барселона, каде се одржува форум на Унијата за Медитеранот.

Ги удвоивме напорите, внатре во Европската комисија, со цел да ставиме на маса предлози за проширување. Оваа година веќе им дадовме кандидатски статус на три земји. Украина, Молдавија и на Грузија. Верувам дека оваа година ќе имаме уште една позитивна одлука за Босна и Херцеговина, додаде Вархеји.

Како што нагласи тој, со тоа „му даваме нов живот на проширувањето“.

Но, се разбира, проширувањето е тежок процес. Сега земјите кандидати прво ќе треба да ги исполнат нивните задачи, посочи Вархеји.

Последната земја што стана членка на ЕУ, беше Хрватска во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.