Генералниот директор на Интерпол, Јирген Шток, очекува дека со почетокот на мaсовната вакцинација против корона вирусот ќе дојде до драматичен пораст на бројот на кривични дела, односно ќе се зголеми бројот на кражби, провалување и напади во текот на транспортот на вакцините.

Вакцините се течно злато на 2021 година. Тие се нешто највредно што може да се дистрибуира во претстојната година. Мафијата и другите криминални организации веќе се подготвени за тоа. Со дистрибуцијата на вакцините драматично ќе се зголеми криминалот предупреди Шток.

Тој изјави дека кога корона вирусот се прошири од Азија преку сите континенти, зад него следувал бран од криминал, односно, како што вели, паралелна пандемија на криминал. Шток додава дека криминалните групи од првиот момент размислувале како можат да заработат на сметка на Ковид-19.

Додека претходно фалсификуваа лекови, криминалците денес фалсификуваат средства за дезинфекција, антивирусни лекови и заштитни маски  додаде Шток, предупредувајќи на ризиците што се очекуваат во текот на масовната вакцинација идната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.