Во Украина фрлени се неискористени вакцини против Ковид-19 откако лекарите што требало да се вакцинираат не се појавиле во договорените термини.

Во Украина денеска почна имунизацијата на населението откако првата пратка од 500.000 дози вакцини од АстраЗенека минатата недела пристигна во земјата. Приоритетни за вакцинација се медицинскиот персонал.

Украинскиот министер за здравство Максим Степанов изјави дека Владата работи на тоа да се спречи фрлање на вакцините, додавајќи оти тоа се случува и во другите земји.
Вакцините се фрлени откако не се искористени бидејќи кога ќе се отворат употребливи се во следните два до три часа.
Во Украина, со 41-милионско населени, 47 проценти од граѓаните изјавиле дека не сакаат да се вакцинираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.