Министерството за социјални работи на Австрија разгледува стратегии за да ги убеди Австријците да вакцинираат против коронавирусот што е можно помасовно поради ширењето на делта мутацијата.

Еден од предлозите е вакцинирање и на гробишта под мотото „имунизација наместо да се лежи на ова место“.

Идејата е да се вакцинира и во музеите, со бесплатен влез за граѓаните кои сакаат да се имунизираат, како и да се отвори „драјв-тру“ за возачи на скутери и велосипедистите.

Исто така, се разгледува и акција за вакцинација во општинските згради, летните кина, на базени

Веќе подолго време има идеи вакцинацијата да се спроведува на места каде што има млади луѓе, па се спроведува кампања преку социјалните мрежи. Во моментов е во тек кампања за вакцинирање на млади жени со странско потекло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.