Светската здравствена организација (СЗО) почна глобална иницијатива за забрзан развој и рамномерна дистрибуција на вакцини, дијагностика и третман против ковид-19.

Таа e покрената со цел на меѓународно ниво да се забрзаат и координираат процедурите за развој и тестирање на вакцини и лекови против новиот коронавирус.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека подеднакво важно е средствата за борба против ковид-19 , еднаш кога ќе бидат достапни, рамномерно да се распределат на сите во светот.

Нашата заедничка обврска е да обезбедиме на сите луѓе да им бидат достапни сите средства во борбата против Ковид-19, рече Гебрејесус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.