Потенцијалната вакцина противв Ковид-19, којашто е поддржана од програмата на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наречена „Оперјшн ворп спид“ (Operation Warp Speed) тешко дека ќе добие зелено светло од регулаторните тела пред ноември или декември.

Како што изјави директорот на американскиот Национален институт за здравје, Френсис Колинс, потребно е да се даде доволно време за клиничките испитувања на вакцината.

Потребно е вакцината да се испита на најмалку 10.000 луѓе, тоа е најмала бројка на испитаниците за да се добијат доволно податоци дали вакцината е безбедна и ефикасна за широка употреба – наведе Колинс.

За последниот стадиум на испитување на вакцината во САД ќе бидат вработени повеќе од 30.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.