Британскиот министер за здравство Мет Хенкок рече дека е одобрена за употреба вакцината на Оксфорд/АстраЗенека.

Дистрибуцијата ќе започне на 4 јануари „и навистина ќе се забрза во првите неколку недели од следната година, објави Би-Би-Си.

Велика Британија нарачала 100 милиони дози од производителот AstraZeneca – доволни за вакцинирање на 50 милиони луѓе.

Одобрувањето, од регулаторот на лековите, значи дека вакцината е безбедна и ефикасна.

Вакцината Оксфорд-АстраЗенека е дизајнирана во првите месеци од 2020 година, тестирана на првиот волонтер во април и оттогаш поминала низ масовни клинички испитувања во кои учествувале илјадници луѓе.

Развиена е со темпо што ќе беше незамисливо пред пандемијата.

Тоа е втора вакцина која што е одобрена во Велика Британија откако вакцината Pfizer-BioNTech доби зелено светло во декември.

Повеќе од 600.000 луѓе во Велика Британија се вакцинирани откако Маргарет Кинан стана прва во светот што ја доби вакцината надвор од клиничките испитувања.

Но, вакцината Оксфорд-АстраЗенека ќе доведе до значително зголемување на вакцинацијата, бидејќи е ефтина и лесна за масовно производство.

Од клучно значење е што може да се чува во стандарден фрижидер – за разлика од вакцината на Pfizer-BioNTech на кој и треба ултра-ладење на -70 C – така што ќе биде далеку полесно да се набави вакцината од Оксфорд.

Веќе се идентификувани приоритетните групи за имунизација – вклучително и старите лица, жителите на домовите и здравствените работници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.