Директорот на германската фармацевтска компанија „КјурВак“, Франц-Вернер Хас, соопшти дека прелиминарните тестови врз животни покажале дека нивната вакцина против Ковид-19 е ефикасна против британската и јужноафриканската мутација на корона вирусот.

Хас ги информира пратениците во Евроспкиот Парламент дека резултатите од прелиминарните тестови за влијанието на вакцината врз мутациите на вирусот ќе бидат објавени наскоро.

Тој исто така информира дека компанијата очекува нејзината вакцина да биде одобрена во Европската Унија до јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.