Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер денеска изјави дека првите вакцини против коронавирус во Австрија ќе може да почнат да се даваат уште во јануари.

Аншобер рече дека Австрија може да добие 600.000 дози за 300.000 луѓе до крајот на годината. Првите вакцини ќе ги добијат луѓето кои работат во здравството и здравствената заштита, објасни тој. Според него, што е можно повеќе луѓе треба да се вакцинираат до летото следната година. Тој појасни дека тргнува од фактот дека околу 50 проценти од Австријците ќе бидат вакцинирани и додаде дека сигурно ќе се вакцинира против ковид-19.

Министерот посочи дека на Австрија и претстои четвртата фаза од борбата против коронавирусот.

Аншобер смета дека Австрија досега добро поминала низ епидемијата, но предупреди дека претстои уште една тешка фаза.

Фазата 4 значи дека се соочуваме со опасностите од вториот бран и сакаме да спречиме да не „удри” со сета своја сила. Ние мора да го спречиме вториот бран – рече Аншобер.

Тој рече дека зимскиот туризам ќе биде можен, но со одредени услови и најави дека Владата ќе донесе пакет мерки за таа област на крајот на септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.