Украинската војска соопшти дека Русија почнала да користи ирански нападни беспилотни летала, објави „Њујорк Тајмс“.

Според украински воен претставник, остатоци од беспилотни летала Шахед-136 биле откриени на земја за време на контраофанзивата што Украина ја започна овој месец во североисточните региони на земјата.

Оружјето е „камиказа беспилотно летало кое носи боева глава тешка околу 36 килограми“ и може да се лансира од задниот дел на камион со рамно лежиште, објаснува „Њујорк Тајмс“.

„Тоа ги преполови ‘Triple-seven’“, изјави тој за Тајмс, мислејќи на уништувањето на хаубица М777 од дрон, што САД и ги достави на украинската војска.

„Наместо да се испукаат 100 артилериски гранати, полесно е да се ослободи еден од овие беспилотни летала“ во потрага по цел, додаде тој.

„Њујорк тајмс“ го објави и објаснувањето дека беспилотното летало е доволно прецизно за да цели на самоодна хаубица во зоната каде што се чувал барутот. Ова за возврат создава секундарни експлозии.

„Тоа е многу сериозен проблем“, вели претставникот, додавајќи дека без никакви контра мерки, беспилотните летала ќе ја уништат „целата украинска армија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.