Милијардерот и левичарски активист Џорџ Сорос лично се обидел преку германската канцеларка Ангела Меркел да го спречи изборот на унгарскиот кандидат за европратеник Оливер Вархели за комесар за проширување, пишува унгарскиот весник Маѓар Немет. Според весникот, Сорос се обратил до Германскиот совет за надворешни работи (ДГАП), аналитички центар врз кој има влијание, да бара од нив да лобираат кај Меркел да се запре изборот на Вархели.

Поголем број активисти и коментатори блиски до мрежата на Сорос отворено лобираа против Вархели, и бараа на Унгарија да и се даде друг ресор во Еврокомисијата, а не секторот проширување преку кој би можела да влијае врз развојот на односите на ЕУ со кандидатките за членство во ЕУ. Сорос е во отворен конфликт со Унгарија и нејзиниот премиер Виктор Орбан, и неговите поддржувачи бараа Унгарија да добие што е можно помалку важен ресор, а никако престижниот сектор проширување.

На почетокот на ноември милијардерот Џорџ Сорос и се јавил на директорката на ДГАП Даниела Шварцер да бара од неа да влијае врз германската канцеларка Ангела Меркел да го спречи доделувањето на ресорот проширување и соседска политика на унгарскиот кандидат за комесар, јавува весникот повикувајќи се на доверливи избори во безбедносните кругови.

Според репортажата на весникот, пренесена во новинската агенција В4, се вели дека Шварцер, која добро го познава Сорос и е во редовна комуникација со него, му кажала на милијардерот дека таков вид на притисок врз Меркел и врз Комисијата не е можно да се изврши.

Шварцер се нафати да разговара со канцеларката, но ја отфрли можноста да и дава директни политички совети. Џорџ Сорос не го прими нејзиното одбивање лесно и се обидуваше да ја убеди Шварцер, велејќи и дека прашањето е многу важно и сериозно. Но, Шварцер одбила да интервенира и унгарскиот кандидат Оливер Вархели е на пат да стане комесар за проширување, пренесува агенцијата В4.

Противниците на Орбан успеаа да го спречат изборот на првиот унгарски кандидат за оваа функција Ласло Трошањи, кој беше одбиен во Европскиот парламент под силен политички притисок. Сорос се потпре на големата и добро разработена група негови поддржувачи во Европскиот Парламент, чии имиња станаа познати откако беа објавени поголем број интернет преписки од вработени на Фондацијата отворено општество на Сорос. Во преписките беше пренесен и документ со имињата на „доверливи поддржувачи“ на Сорос во Брисел, како Мартин Шулц, Оли Рен, Џани Питела, Елмар Брок, Ги Верхофштад и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.