Нобеловата награда за мир ќе биде објавена во петок во Осло, а најголем фаворит е активистката против климатските промени Грета Тунберг.

Шефот на Институтот за истражување на мирот во Осло Хенрик Урдал изјави дека е „сосема неверојатно„ 16-годишната активистка да ја освои наградата, додавајќи дека нејзината возраст работи против неа. Најмладиот лауреат на Нобелова награда за мир е Малала Јосафзај, која ја доби наградата во 2014 година на 17-годишна возраст.

Еден од најверојатните добитници на Нобеловата награда за мир е премиерот на Етиопија Аби Ахмед, кој склучи мировен договор со Еритреја. Можно е наградата да ја добие и невладината организација „Репортери без граница“.

Паричната вредност на секоја награда е еден милион шведски круни (833.000 евра).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.