Сојузниот жалбен суд во Мичиген едногласно пресуди во полза во жена која добила казна за пребрзо возење откако на полицаец му го покажала средниот прст, сметајќи дека се нарушени нејзините уставни права на слобода на изразувањето.

Дебра Круз-Ѓулаш во 2017 година била запрена во Детроит поради помал прекршок, а полицаецот Метју Минард ѝ напишал казна, пренесуваат американските медиуми.

Кога го завршил записникот, жената на полицаецот му го покажала средниот прст и тој тогаш повторно ја запрел и ѝ напишал нова казна за потежок прекршок за пречекорување на брзината.

Жената поднела тужба тврдејќи дека ѝ се нарушени нејзините права на слобода на изразувањето, и за неразумно задржување.

Тричлениот судски совет на апелацискиот суд ѝ дал за право порачувајќи дека полицаецот од предргадието на Детроит „морал да знае да се однесува подобро“, дури и во услови на непристојност на возачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.