Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на Твитер објави дека уште пет европски сојузници обезбедуваат помош за пожарникарите, кои се борат со осум големи шумски пожари низ целата држава, вклучително и огромен пожар на југозапад во Франција.

Германија, Грција, Полска и во следните часови Романија и Австрија: нашите партнери и доаѓаат на помош на Франција против пожарите. Ви благодариме. Европската солидарност е на дело!“ напиша Макрон на Твитер.

Франција претходно доби помош од Шведска и Италија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.