Уште двајца лекари од Горна Рајна и Горна Сона денеска починаа од коронавирусот, соопшти попладнево Регионалната здравствена агенција (АРС) за Гранд Ест.

Со ова бројот на починатите лекари заболени од коронавирусот се зголеми на пет, од кои дури четворица се од истокот на Франција, која е најпогодена. Еден од новопочинатите е 70-годишниот доктор по општа медицина Махен Рамлол, кој почина во неделата во болницата во Колмар, според АРС и медицински извор.

Другиот починат докрот е Оливие-Жак Шнелер (68) кој почина минатиот викенд во болницата Тревенанс (Територијата на Белфорт).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.