Европскиот парламент го изгласа новиот состав на Европската комисија. Европратениците денеска одобрија германската конзервативка Урсула вон дел Лајен да ја предводи Европска комисијата, која треба да почне со работи на 1 декември. Во Парламентот во Стразбур 461 пратеник гласаа „за“, 157 беа против, а 89 гласаа воздржано.

Фон дер Лајен, претходно ја претстави програмата и составот на новата Европска комисија, велејќи дека ЕУ ќе ја добие геополитичката комисија што и е итно потребна.

Во текот на следните пет години, ние ќе работиме на трансформација на секој дел од нашето општество и економија“, рече претседателката на Комисијата.

Таа е прва жена претседател на ЕК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.