Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Твитер сабајлево порача дека ќе предложи да се забранат летовите од Јужна Африка кон ЕУ.

Предлогот доаѓа откако се појави нова потенцијално опасна мутација на вирусот ковид-19 откриена во Јужна Африка.

Европската комисија ќе предложи, во блиска координација со земјите членки, да се активира итната суспензија на авиотранспорт од јужноафриканскиот регион поради загрижувачкиот сој Б.1.1.529, напиша утрово фон дер Лајен на Твитер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.