Ураганот Сем, што се појави во Атлантскиот Океан, го зголеми својот интензитет во ураган од трета категорија, а се очекува да има дополнително засилување на невремето.
Засега не се во сила никакви предупредувања за ураганот, што се наоѓа на околу 1.760 километри источно и југоисточно од северните Ветровити острови во Карипското Море.
Ураганот се движи кон запад и северозапад со брзина од 16 километри на час.
Американскиот национален центар за урагани во Мајами соопшти дека ураганот Сем е придружуван од ветрови со брзина од 195 километри на час.
Се очекува Сем утре да премине во ураган од четврта категорија со брзина на ветрот од 225 километри на час.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.