Моќниот ураган Ида удру во брегот на Луизијана. Американскиот национален центар за мониторинг на урагани објави дека ураганот се засилил до категорија 4 (од максимум 5). Ветровите во оваа категорија дуваат со брзина поголема од 240 км / ч.

Првите снимки од пустошот што го предизвикува Ида на брегот веќе се појавија на социјалните мрежи. Луѓето известуваат дека доаѓа многу силен ветер и дека нивото на морето предизвика поплава во некои делови на Њу Орлеанс, дури и во Алабама.

Некои потсетија дека освен Катрина, дури три урагани се случија во ист ден и месец, но во различни години токму во Луизијана. Катрина 29.08. 2005 година; Густав 29.08.2008 година; Исак 29.08.2012, Харви 29.08.2017. Сепак, сите ја паметат Катрина која го срамни со земја Њу Орлеанс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.