Руската телевизија НТВ објави драматична снимка од евакуацијата на училиште во рускиот град Казан, во која тинејџер уби седум ученици и една наставничка.

Снимката ги прикажува уплашените деца кои бегаат од училиштето, спуштајќи се по скали, во што им помагаат специјалците.

Според официјалните податоци во денешниот напад во училиште во рускиот град Казан убиени се осум лица, од кои седум се деца. Напаѓачот е 19-годишен тинејџер, претходно ученик во тоа училиште. Полицијата соопшти дека напаѓачот е приведен, а оружјето го поседувал со дозвола.

Детската републичка клиничка болница во Татарстан прими 18 деца по пукањето во училиште во Казан, а шест од нив се во критична здравствена состојба, соопшти прес-службата на регионалното Министерство за здравство, пренесува TACC.

Генералниот директорат на Министерството за вонредни ситуации (ЕМЕРКОМ) на Русија во Татарстан отвори телефонска линија за психолошка помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.