Двајца професори по хемија се уапсени во американската држава Арканзас поради тоа што во лабораторијата на факултетот произведувале дрога метамфетамин.

Полицијата ги уапси Тери Батман (45) и Бредли Роуланд (40) по истрагата на државниот универзитет Хендерсон во Арканзас. Тие се соочуваат со обвиненија за производство на метамфетамин и употреба на универзитетската лабораторија за нелегални цели.

Универзитетот соопшти дека двајцата професори се испратени на одмор уште на 11 октомври, бидејќи во лабораторијата биле забележани чудни мириси. По полициската истрага, во лабораторијата е забележано зголемување на нивото на бензил хлорид, пренесува NBC News.

Бензил хлоридот е идентификуван од државните агенции како хемикалија која што се користи во производството на метамфетамин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.